Дописници МКДХроникаХроника.Портал

Повреден работник на утоварна машина

Работник добил скршеница на нога при пад на утоварна машина откако загубил контрола.

Гостивар, 12 февруари 2019 (МИА) – Работник добил скршеница на нога при пад на утоварна машина откако загубил контрола.

Несреќата се случила во селото Топлица, вчера, околу 15 часот.

Педесет и деветгодишниот Н. Ј. од Долна Бањица работејќи со утоварната машина (јумба) во близина на бензинска пумпа изгубил контрола над машината и паднал. Притоа, машината продолжила да се движи и со предниот дел удрила и го оштетила агрегатот за електрична енергија на бензинската пумпа.

Повредениот Н. Ј., по укажаната помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, пренесен е на скопските клиники.

Извршен е комплетен увид и се расчистува случајот.згм/бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close