Дописници МКДОпштински вести

Потпишан договор за соработка меѓу битолскиот и Универзитетот во Сараево

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и Универзитетот во Сараево потпишаа Договор за меѓууниверзитетска соработка.

Битола, 12 февруари 2019 (МИА) – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Сараево потпишаа Договор за меѓууниверзитетска соработка.

На свеченост што се одржа во Сараево, ректорите, проф. д-р Сашо Коруновски и проф. д-р Рифат Шкријељ, истакнаа дека со документот се овозможува промовирање на академската, образовната и културната соработка помеѓу двете високообразовни установи.

Од УКЛО – Битола информираат дека во рамки на потпишаниот договор е планирано да се развива и институционална соработка низ различни форми, размена на наставнички, истражувачки и други кадри, соработка на студентите, посети, размена на искуства, предавања, заеднички вмрежувања, аплицирања и учества во европски и други образовни и научноистражувачки фондови.

Во наредниот период ќе се изработи конкретна програма за организирање заеднички обуки, истражувања, конференции, симпозиуми, летни школи, семинари, работилници, како и размена на стручна литература, учебници и други универзитетески публикации.

Потпишаниот Договор за соработка меѓу битолскиот и Универзитетот во Сараево е континуитет на претходно вопоспоставената соработка меѓу две членки, односно Факултетот за безбедност при УКЛО – Битола и Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при УНИ СА. мт/ац/

Таг
Back to top button
Close