Дописници МКДОпштински вести

Почнаа активностите од „Неделата на виното – Св. Трифун 2019“ во Неготино 

Со натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители почнаа активностите и настаните во рамки на „Неделата на виното“, која се организира во чест на празникот Свети Трифун.

Неготино, 12 февруари 2019 (МИА) – Со натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители почнаа активностите и настаните во рамки на „Неделата на виното“, која се организира во чест на празникот Свети Трифун.

– На јавниот повик за пријавување за учество на натпреварот, оваа година пристигнаа рекордни 70 мостри вина и ракии, што значи дека постои зголемен интерес за учество во изборот на најдобри вина и ракии од индивидуални производители, информираат од општината.

Од нив, 12 мостри се од бели вина, 28 од црвени вина и 28 мостри од ракија, а се оценуваат од страна на шестчлена стручна комисија составена од енолози.

– Оценувачите истакнуваат дека од година во година квалитетот на вината и ракиите е сè поголем, меѓу другото, благодарение на советите, мислењата и сугестиите што тие им ги даваат, а производителите ги прифаќаат и применуваат во практика, додаваат од локалната самоуправа.

Во категориите бели и црвени вина и ракии ќе бидат доделени награди за прво, второ и трето место, в четврток за време на централната манифестација по повод Свети Трифун, на градскиот плоштад во Неготино.

На прес-конференција, градоначалникот Тони Делков информира за сите настани кои следуваат и упати покана да се посети Неготино за време на оваа традиционална манифестација. свд/цр/

 

 

Back to top button
Close