0_Спорт.ПорталФудбал

Перез: Нема да купуваме нов напаѓач, Бензема е најдобриот во светот

Шефот на „белиот балет“ додаде дека тимот веќе размислува за иднината, откако ги привлече Виничиус Жуниор и Родриго.

Мадрид, 11 февруари 2019 (МИА) – Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, изјави дека Реал Мадрид нема потреба да купува нов централен напаѓач, бидејќи во составот игра најдобриот во светот – мислејќи на Карим Бензема.

– Ние имаме најдобар тим во светот и титулите го покажуваат тоа. Нема да трошиме само заради самото трошење. Слушам дека сме сакале да купуваме нов централен напаѓач. Но, зошто да го правиме тоа, откако го имаме најдобриот на овој пост – Карим Бензема, изјави Перес пред „Франс фудбал“.

Шефот на „белиот балет“ додаде дека тимот веќе размислува за иднината, откако ги привлече Виничиус Жуниор и Родриго.

– Последниот може да го освои трофејот „Копа“ („Златната топка“ за најдобар млад играч во светот – н.з.). Играчите на Реал Мадрид ги освоија последните три „Златни топки“. Многу сме задоволни од претставувањето на Модриќ. Тој е дел од нашата историја и на прекрасен начин ги претставува нашите вредности. Мислам дека младите играчи во Реал се кандидати за фудбалери кои ќе тргна по неговите чекори, додаде Перез, цитиран од „Марка“.вз

Таг
Back to top button
Close