0_Македонија.ПорталОпштество

Отворен ден за академската понуда на „Шефилд“ во Солун

Отворен ден во хотелот „Мериот“ во Скопје денеска од 16 до 20 часот  организира Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ, за да ги претстави разновидните академски програми што ги нуди на својот кампус во Солун.

Скопје, 21 февруари 2019 (МИА) – Отворен ден во хотелот „Мериот“ во Скопје денеска од 16 до 20 часот  организира Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ, за да ги претстави разновидните академски програми што ги нуди на својот кампус во Солун.

Претставници на факултетот ќе ги презентираат академските програми понудени во четири оддели – Бизнис, администрација и економија, Компјутерски науки, Англиски студии и лингвистика и Психологија.

Заинтересираните кандидати и идни студенти ќе може да се запознаат со можностите за стипендии и ќе добијат детални информации  за сè што нуди факултетот – наставните единици и методи, академскиот кадар, праксата и целосното академско искуство во меѓународно опкружување со престижни предавачи.

„Шефилд“ е рангиран меѓу најдобрите 100 универзитети (22-ро место во Европа, 75-то во светот според QS ранг-листата за 2019). Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ речиси три децении ги реализира програмите на Универзитетот Шефилд во Солун и на други локации во Југоисточна Европа и Кавказ, давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат и да се стекнат со дипломи од врвен британски универзитет. хс/са/

 

Back to top button
Close