0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Османи го испрати Бејли: Оставивте неизбришлива трага во успехот и напредокот на земјава

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли, по повод завршувањето на неговиот мандат.

Скопје, 12 февруари 2019 (МИА) – Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли, по повод завршувањето на неговиот мандат.

-САД не се само стратегиски партнер на Република Македонија, туку и најважен пријател со чие присуство и активно учество се остварени најважните успеси на земјава од нејзината независност, истакна Османи на средбата, упатувајќи лична благодарност до амбасадорот Бејли за неговиот личен ангажман, заложба и поддршка за земјава.

-Со вашите активности оставивте неизбришлива трага, не само во нашиот успех да ја оствариме нашата стратешка определба – членството во НАТО, туку и неизбришлива трага во имплементирањето на западните вредности на Балканот, на чии основи е изграден и денешниот успех во напредокот на целиот регион, рече вицепремиерот.

За време на средбата Османи реферираше и за неодамнешната посета на САД, каде што оствари средби со високи претставници на американскиот Конгрес, меѓу кои и со претседавачот на Комитетот за надворешна политика Елиот Ејнџел, како и со високите претставници на Белата куќа, меѓу кои и со помошник-заменикот државен секретар Метју Палмер. мч/са/

Back to top button
Close