Дописници МКДОпштински вести

Општинскиот ЕМУЦ во Охрид ќе добие спортска сала

Во Општинскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“ во Охрид денеска почнаа градежните активности за изградба на спортска сала.

Охрид, 13 февруари 2019 (МИА) – Во Општинскиот електромашински училишен центар „Св.Наум Охридски“ во Охрид денеска почнаа градежните активности за изградба на спортска сала.

Станува збор за проект што ќе се реализира преку програмата „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со локалната самоуправа на Охрид.

Спортската сала ќе се простира на површина од 650 метри квадратни, комплетно опремена со потребните спортски реквизити, а динамиката за нејзина изградба ќе зависи и од временските услови. Предвидено е таа да биде пуштена во употреба со почетокот од следната учебна година.

Како составен дел на истиот проект предвидена е и замена на постојната покривна конструкција како и замена на дотраената дрвена дограма. Тие градежни активности ќе бидат реализирани до почетокот на учебната 2019/2020 година. аб/дма/

Back to top button
Close