Дописници МKОпштински вести

Општина Кичево и годинава со поддршка на спортот и спортските здруженија

Општина Кичево објави повик за прибирање барања за користење средства од буџетот за 2019 година, наменети за поддршка на спортски здруженија и екипи.

Кичево, 12 февруари 2019 (МИА) – Општина Кичево објави повик за прибирање барања за користење средства од буџетот  за 2019 година, наменети за поддршка на спортски здруженија и екипи.
Поддршка ќе има за проекти и активности за подигање на нивото на екипните спортови, боречките спортови, проекти што влијаат кон подигање на свеста за интегриран спорт меѓу заедниците и за организирање традицонални спортски aктивности. За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од буџетот на општина Кичево за 2019 година и тоа во вкупен износ од 3 160 000,00 денари. Приоритет ќе имаат проекти и активности за подигање на нивото на екипните спортови, боречките спортови и за фудбалските школи.
Посебно ќе се помогне подигањето на свеста за интегриран спорт меѓу заедниците на територија на општина Кичево.
За поддршка на спортисти и други активности за спорт и рекреација, во вкупен износ од 300.000 денари, преку програмски проекти за организирање традицонални спортски aктивности на територија на општината.
Спортските здруженија и екипи на кои ќе им бидат доделени средства согласно програмата за спорт и рекреација, по завршувањето на своите програмски активности ќе треба да достават извештај за користење на средствата до секторот за финансии на општина Кичево. Рокот за поднесување на пријавите е до 8 март ова година.рф/скс/

Back to top button
Close