0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Од полноќ македонските граѓани во Грција влегуваат само со пасош

Белите ливчиња на кои до вчера грчките гранични полицајци ни ставаа печати за влез во нивната земја,од синоќа на полноќ заминаа во историја.

Гевгелија,21 февруари 2019(МИА) – Белите ливчиња на кои до вчера грчките гранични полицајци ни ставаа печати за влез во нивната земја, од синоќа на полноќ заминаа во историјата.

Официјално од полноќ при влез во Грција нашите граѓани македонско-грчката граница ја минуваат само со пасоши на кои на излез од земјава нашите гранични полицајци им ставаат печат на кој на македонски, англиски и француски јазик пишува дека патната исправа е во сопственост на Република Северна Македонија, а грчките полицајци за прв пат печати ставаат во пасошите.

Новите правила од Преспанскиот договор грчките погранични служби почнаа да ги применуваат по една недела откако на граничниот премин Богородица беше поставена таблата со новото уставно име на нашата земја.

Според најавите, лични карти и патни исправи со новото уставно име на земјава ќе почнат да се издаваат кон крајот на годинава. им/сд/

Back to top button
Close