Дописници МK

Несовесни исфрлаат ѓубре по винските патишта во Неготинско

Несовесни исфрлаат ѓубре по винските патишта во Неготинско, реагираат љубители на природата. На два дена пред големата прослава на верскиот празник Свети Трифун што се смета за заштитник на лозарите, тие прашуваат дали несовесните помислиле на тоа, што ќе видат туристите кога ќе дојдат да дегустираат вино во овој крај.

Неготино, 12 февруари 2019 (МИА) – Несовесни исфрлаат ѓубре по винските патишта во Неготинско, реагираат љубители на природата. На два дена пред големата прослава на верскиот празник Свети Трифун што се смета за заштитник на лозарите,  тие прашуваат дали несовесните помислиле на тоа, што ќе видат туристите кога ќе дојдат да дегустираат вино во овој крај.

-Не ми е јасно зошто поединци наместо да го однесат поголемиот отпад од својот дом на градската депонија, го исфрлаат буквално каде што ќе им текне. За поздрав е тоа што многу луѓе почнуваат малку поодговорно да се однесуваат кон животната средина, но за жал се уште има такви кои оставаат лоша слика не само за себе, туку и за целиот град, рече планинарката и екологист Бојана Андонова за МИА.

Од Општина Неготино истакнуваат дека континуирано ги решаваат ваквите проблеми. Дека комуналните редари се редовно на терен и прават контроли, а  се преземаат и  мерки.

-Но, со поединци и нивната несовесност, постојано се бориме. Како впрочем и во други општини. На периферните делови од градот се депонираат комунален отпад  или градежен шут и со тоа се создаваат мини диви депонии. Редовно се чисти,  но повторно никнуваат такви депонии на неколку места. Неопходно  е подигнување на јавната свест, нагласија од општината, апелирајќи за поголема свесност за екологија.

Се размислува и за преземање на други мерки, со вклучување на многу повеќе субјекти, за да се стави крај на ваквите и слични појави.свд/скс/

Back to top button
Close