Дописници МКД

На штипското инфективно одделение примено двегодишно дете со симптоми на морбили

По дваесет години и во Штип се појавија морбили. На инфективното одделение во штипската Клиничка болница примено е двегодишно дете со симптоми на морбили. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека детето е примено пред два дена.

Штип/Кочани, 26 Февруари 2019 (МИА) – По дваесет години и во Штип се појавија морбили. На инфективното одделение во штипската Клиничка болница примено е двегодишно дете со симптоми на морбили. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека детето е примено пред два дена.

-Денес е испратен материјал во Скопје и се чека да биде потврден, дали се морбили или не, вели Шуманска.

Таа истакна дека на ова одделение од вчера е примена и хигиеничарка од детското одделение на Кочанската болница, а за овој случај, како што вели Шуманска е потврден дека станува збор за морбили.

– Вчера кај нас е дојдена жена на возраст од 39 години, која работи како хигиеничарка во кочанската болница и претходно имала контакт со заболено лице од морбили. Дијагнозата за неа е веќе поставена и се очекува потврда за заболувањето, информираше Марина Шуманска, портпарол на Клиничката болница од Штип.

За неколу дена Во Кочани кај три лица се дијагностицирани симптоми на морбили и по направените медицински испитувања се очекува потврда за заболувањето.

Од Центарот за јавно здравје во Кочани информираа дека покрај хигиеничарката, станува збор и за медицинска сестра од детското одделение во Општата болница со проширена дејност, како и за еден повозрасен малолетник.

– Се уште немаме потврда дали се работи за морбили, иако здравствената состојба на пациентите укажува на таква можност. Согледавме дека двете пациентки кои се вработени во болницата биле вакцинирани, поради што очекуваме нивно побрзо и полесно стабилизирање. Кај третиот случај симптомите се исти, но тој се уште не е хоспитализиран, истакна Горан Никлов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Кочани.

Наталија Дечовска Координатор за примарна превентивна здравствена заштита за општините Штип и Карбинци вели дека со имунизација се опфатени над 80  отсто од децата до пет години, додека според нивните анализи учениците од прво до деветто одделение се имунизирани со 98,5 отсто, што е и добра бројка на опфатеност.та/вдј/

 

Back to top button
Close