0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидеоПолитички партии

На границата со Грција поставен натпис Република Северна Македонија

На преминот „Богородица“ на границата со Грција денеска е поставен натпис со новото име Република Северна Македонија.

Скопје, 13 февруари 2019 (МИА) – На преминот „Богородица“ на границата со Грција денеска е поставен натпис со новото име Република Северна Македонија.

Не станува збор за нова табла, туку на старата е ставена налепница со новото име испишано на македонски и на англиски јазик.

Директорот на Царинската управа најави дека во текот на денот ќе бидат заменети таблите и на другите гранични премини.

-Плaнираме сите да бидат променти денеска, со оглед на можностите на фирмите за одржување што треба да го направат тоа, а со кои Царинската управа има склучено договор, изјави Танасоски одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на курсеви за електронско учење.

Тој појасни дека поради тоа што времето е кратко за спроведување тендерски постапки, а согласно заклучоците на Владата предвидено е таблите да бидат променети каде што е можно со налепници, а каде е можно со монтирање други табли, за да се исолни обврската во рок од три дена да бидат променети таблите на граничните премини со новото име Република Северна Македонија.скс/са/

Back to top button
Close