На денешен ден

На денешен ден

12 февруари 2019 (МИА)

1809.- Роден е Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. Од 1813 до 1836 година учествувал во научната експедиција на бродот „Бигл, која имала пресудно значење за поставувањето на неговата теорија за развој на живите суштства, која била во спротивност со учењето на црквата. Неговите записи биле научни ремек-дела, пишувани со јасен и логичен стил. Капитално дело – „Потеклото на видовите“. Умрел на 19 април 1882 година.

1809.- Роден бил Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД. Бил земјоделец, дрводелец, адвокат, член на Конгресот и еден од основачите и лидер на Републиканската партија, која се борела за укинување на ропството, а во 1860 година станал претседател на САД. Убиен бил во атентат од застапниците на робовскиот систем, во 1865 година.

1818.- Чиле прогласило независност од Шпанија.

1851.- Едвард Харгрејвс пронашол злато во Самерхил Крик во Нов Јужен Велс, предизвикувајќи златна треска во Австралија.

1912.- Последниот кинески цар од династијата Манџу – Пу Ји, абдицирал, по што Кина станала република со претседателот Сун Јат Сен. Кога Јапонија во 1932 година од североисточната кинеска провинција ја создала сателитската држава Манџуко, Пу бил „вратен“ на престолот, станувајќи фигура во рацете на освојувачите. По Втората светска војна бил осуден, но бидејќи во затворот ја „сфатил“ грешката бил помилуван и во 1962 година станал член на Националниот конгрес. Оставил мемоари под наслов „Бев кинески цар“.

1914.- Во Скадар, Република Албанија, е роден Василие Поповиќ – Цицо, македонски сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на карикатурата, на сценографијата и на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Умре во Скопје, на 10 декември 1962 година.

1923.- Роден е италијанскиот филмски режисер Џанфранко Корси, познат како Франко Зефирели, кој режираше филмови, опери и музички драми.

1946.-  Весникот „Лаки фони“, орган на Бирото на КПГ за Македонија, објави дека од 12 февруари 1945 година до 12 февруари 1946 година од грчките власти и терористичките банди биле убиени 1.300, затворени 20.000 и прогонувани 200.000 луѓе. Од убиените 200 биле од Македонија, а од убиените од Леринско, во Костурско и во Соровичко – 98 отсто биле Македонци.

1953.- Советскиот Сојуз ги прекинал дипломатските односи со Израел по бомбашките напади на советското претставништво во Тел Авив.

1974.- Во Москва бил уапсен рускиот писател Александар Солжењицин, добитник на Нобеловата награда за литература, на кого следниот ден му било одземено советското државјанство и бил протеран од земјата, по што во емиграција поминал две децении.

1979.- Умрел францускиот филмски режисер Жан Реноар, син на сликарот Огист Реноар. Автор е на низа антивоени филмови со кои силно влијаел на духовната состојба на нацијата. Ги напишал книгите: „Реноар, мојот татко“, и „Мојот живот и моите филмови“. Филмови: „Нана“, „Кучка“, „Мадам Бовари“, „Тони“, „Излет“, „Голема Илузија“, „Човек – ѕвер“, „Правила на гира“, „Оваа земја е моја“, „Жена на брегот“, „Река“…

1984.- Во Париз умрел Хулио Кортасар, аргентински писател. Автор на голем број прозни дела, а негов најпознат роман е „Книгата на Мануел“ за која во 1974 година му била доделена наградата „Медисис“. Роден бил во Брисел, во 1914 година.

1990.- Кармен Лоренс станала премиер на Западна Австралија како прва жена шеф на влада на некоја од австралиските држави.

1992.- Република Словенија и Република Хрватска ја признале независноста на Република Македонија. И Република Македонија ја признала независноста на Република Словенија и на Република Хрватска.

1996.- Јасер Арафат ја презел должноста прв палестински претседател.

1996.- Република Мекедонија и Република Гана воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.

1996.- Во Атина официјално започнала со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија.

1999.- Американскиот сенат по повод скандалозните љубовни афери на шефот на државата Бил Клинтон со приправничката во Белата куќа Моника Левински со мнозинство гласови не го прифати сменувањето на претседателот.

2002.- Пред Судскиот совет во Хашкиот трибунал почнало судењето на поранешниот претседател на Југославија и Србија Слободан Милошевиќ, обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото. Судењето не беило завршено бидејќи обвинетиот во текот на процесот умрел.

2012.- Популарната поп пејачка Витни Хјустон умрела на 48-годишна возраст во хотелот „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес. Витни Хјустон починала на ден пред церемонијата на доделување на музичките награди „Греми“ и тоа во истиот хотел во кој се одржувала забавата по манифестацијата. Хјустон во текот на 80-те и 90-те години на минатиот век со своите песни била на врвот на музчиките топ листи, а настапила и во неколку филмови. Имала освоено шест Греми награди, издала седум албуми и имала продадено околу 170 милиони носачи на звук и видео спотови.

###

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close