0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР-билтен

Денеска во 00:50 часот на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе и исклучок од автопатот во изградба Штип-Миладиновци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. К. (26) од Скопје, излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река. Притоа, со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П. Ј. (25) од Скопје, А. М. (21) од Куманово и Х. И. (20) од Скопје.

Скопје, 23 февруари 2019 (МИА)Денеска во 00:50 часот на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе и исклучок од автопатот во изградба Штип-Миладиновци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. К. (26) од Скопје, излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река. Притоа, со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П. Ј. (25) од Скопје, А. М. (21) од Куманово и Х. И. (20) од Скопје.

Како што информира МВР, со возила на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата во Штип, по што П. Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, а останатите биле задржани на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Завчера во 12:30 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р. А. (71) од Прилеп и патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К. Р. (20) од село Беровци, прилепско. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Р. А., додека К. Р. и М. Н. (66) Прилеп, сопатничка во возилото „голф“, се здобиле со телесни повреди. Со возила на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во болницата во Прилеп каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле претрес во дом и други простории сопственост на В. А. од село Железна Река, каде моментално престојувал неговиот син М. А. (43) од Република Србија. При претресот, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана. Претходно, завчера М. А. бил лишен од слобода откако при личен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, по извршени проверки било потврдено дека М. А. се бара со Меѓународна потерница од Република Србија за издржување казна затвор од осум и три години. М. А. бил приведен во Полициска станица Гостивар, а судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 денови.

По преземени мерки и активности вчера во населба Млаки 2 во Гостивар полициски службеници ги лишиле од слобода З. Х. (33) од Тетово, Л. С. (27) од село Милетино, тетовско, М. З. (1973) од село Мала Речица, тетовско и С. Н. (25) од Тетово, кои биле со патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З. Х.. При преглед на возилото и лицата, кај З. Х. била пронајдена кеса со околу 500 грама марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Вчера во 12:10 часот на Граничен премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа-зелена карта“, од слобода бил лишен Д. Т. (37) од Република Турција, кој управувал товарно возило „даф“ и полуприколка „Fruehauf“ со турски национални ознаки. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Во Полициската станица Ѓорче Петров вчера во 10:00 часот Ј. Р. (56) од Скопје пријавил дека на завчера околу 17:30  часот  на улица „Лука Геров“ бил нападнат и каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Вчера околу 11:30 часот на крстосница од улиците „Нов живот“ и „Клисурска“ во Скопје непознато патничко возило, управувано од непознат возач, удрило во  пешакот  Т. С. (72) од Скопје. Од ударот Т. С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во  Градската општа болница „8-ми Септември“, каде што во 15:30 часот била констатирана смрт. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено во институтот за судска медицина на обдукција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот. аа/

Back to top button
Close