0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР-билтен

На 13.2.2019 година околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци, Скопско, автобус сопственост на „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М. Т. (49) од Гостивар, излетал од патот, се превртел и паднал на регионалниот пат Скопје - Тетово.

Скопје, 14 февруари 2019 (МИА) – На 13.2.2019 година околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци, Скопско, автобус сопственост на „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М. Т. (49) од Гостивар, излетал од патот, се превртел и паднал на регионалниот пат Скопје – Тетово. Од добиените повреди починале 14 патници, а 39 се повредени и хоспитализирани во Градската општа болница „8 Септември“, комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Медицински центар Тетово. Увидот од страна на јавен обвинител и СВР Скопје е во тек.

На 13.2.2019 година во 8:15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, поради непријавен престој, биле приведени В. Х. (25) и Е. А. (32), двајцата од Република Албанија. Во 11:30 часот лицата биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

На 12.2.2019 година во 22:30 часот во Полициската станица Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични средства, психотропни супстанции и прекурсори“, од слобода бил лишен Т. Ј. (20) од село Негорци, Гевгелиско. При претрес во неговото возило полициски службеници пронашле хероин и неколку предмети со остатоци на хероин. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.2.2019 година во 13:00 часот во Полициската станица Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, од слобода бил лишен М. Н. (27) од село Добрејци, Струмичко. При претрес во неговиот дом и простории, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле марихуана и 26 стебла од растението „канабис “. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.2.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на С. Н. (28) од село Добрејци, Струмичко. При претресот била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.2.2019 година во 10:40 часот во Полициската станица Аеродром, С. С. (52) пријавил дека истиот ден околу 7:40 часот на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Во текот на изминатот ден (13.2.2019 година) од преземените мерки и активности е констатирано дека 14 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи, од кои: седум возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, седум возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се осум возачи поради поминување крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, седум поради непоседување пропишана зимска опрема, пет поради носење супстанции и прекурсори“, од слобода бил лишен М. Н. (27) од село Добрејци, Струмичко. При претрес во неговиот дом и простории, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле марихуана и 26 стебла од растението „канабис“. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. миа/миа/

 

 

Back to top button
Close