0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Министерството за правда го осудува насилството во КПУ Затвор – Скопје

Министерството за правда на Република Северна Македонија најостро го осудува вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје, и очекува санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации.

Скопје, 21 февруари 2019 (МИА) – Министерството за правда на Република Северна Македонија најостро го осудува вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје, и очекува санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации.

Воедно, од Министерството, бараат и очекуваат сите надлежни институции да одговорат на највисоко професионално ниво во расветлувањето на денешниот настан. дма/сст/

Back to top button
Close