МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

11:30/11 февруари 2019

11:30/11 февруари 2019

– Утрово и синоќа Куманово беше најзагаден град во Македонија.

– Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе учествува на конференција на тема „Оданочување, праведност и економски развој“ организирана од германската фондација „Фридрих Еберт Штифунг“ во Ереван, Ерменија.

– Во текот на денешниот ден, според најавите на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, се очекува Атина да испрати вербална нота до Скопје во која ќе информира дека Грција ги ратификува и Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина.

– По добивањето на вербалната нота со која Атина денеска ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, и исполнувањето на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, почнува примената на новото име Република Северна Македонија.

– Иако се има впечаток дека косовските лидери се „миленици на Западот“ и во добри односи со сите западни земји, сепак реалноста е поинаква и секој од тројцата водечки политичари во Косово има „свој грб“ и се бори за превласт во Приштина, тврди во денешното издание белградскиот весник „Блиц“.

– Излегувањето на Велика Британија од Европска унија без договор би можело да ја чини Германија 100.000 работни места, покажува најновото истражување објавено во „Велт ам Зонтаг“.

– Најмалку 105 лица починаа поради епидемија на свински грип во северозападна Индија.

– Австралија и Франција потпишаа договор вреден 50 милијарди долари за изградба на 12 подморници во француските бродоградилишта за потребите на австралиската Воена морнарица, јави дописникот на МИА.

Back to top button
Close