МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

11:30/12 февруари 2019

11:30/12 февруари 2019

Неготино – Несовесни исфрлаат ѓубре по винските патишта во Неготинско, реагираат љубители на природата. На два дена пред големата прослава на верскиот празник Свети Трифун што се смета за заштитник на лозарите, тие прашуваат дали несовесните помислиле на тоа, што ќе видат туристите кога ќе дојдат да дегустираат вино во овој крај.

Скопје – Водостојот на Вардар е понизок од просечниот за февруари, а на три од четирите мерни места е намален во однос на вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Скопје – Дел од корисниците од улиците „Жил Верн“ и „Балканска“ во Општина Кисела Вода утре од 9:00 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Кичево – Општина Кичево објави повик за прибирање барања за користење средства од буџетот за 2019 година, наменети за поддршка на спортски здруженија и екипи.

Радовиш – Општина Радовиш од утре почнува со одбележување на значаен јубилеј од своето минато-илјада години од првото пишано спомнување како рано средновековно гратче во грамотата на византискиот император Василиј Втори.

 

 

Back to top button
Close