МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

11:30/11 февруари 2019

11:30/11 февруари 2019

Македонска Каменица – Јавното претпријатие „Камена Река” од Македонска Каменица и оваа година преку наградна игра ќе ги наградува сите свои корисници кои редовно ја плаќаат комуналната такса. Директорот на ЈП „Камена Река“, Влатко Андоновски информира право на учество во наградната игра имаат сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со декември 2018 година и тоа најдоцна до 31 јануари 2019 година.

Скопје – Корисниците од селата Ново Село и Орман, како и од населбата Даме Груев во Општина Ѓорче Петров утре од 9:00 до 11:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Куманово – Утрово и синоќа Куманово беше најзагаден град во Македонија. Нивото на ПМ десет честичките во моментов се неколкукратно зголемени и изнесуваат 242 mg/m3. Синоќа, пак беа уште повисоки и се движеа од 411 до 380 mg/m3. Во доцните вечерни часови во Куманово мирисаше на чад, но се ширеше и специфичен продорен мирис.

Новаци – Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски викендов беше домаќин на делегација од збратимената Општина Дуги Рат од Хрватска, предводена од градоначалникот Јерко Роглиќ.

Гостивар – Гостиварската локална самоуправа најави дека на 11 февруари ќе организира акција „Ден без автомобили“ низ централното градско подрачје, чија цел ќе биде подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот. Иницијативата ја покрена градоначалникот Арбен Таравари, а ќе се спроведува со полициската станица и невладини организации.

Струга – Четириесет учесници и повеќе од 20 предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од 10 -та Школа за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ќе се одржи од денеска до 22 февруари во Струга.

 

 

Back to top button
Close