Најава на настани

МИА Најави – МКД

Подгорица - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери во работна посета во Црна Гора.

1 март 2019 

Подгорица – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери во работна посета во Црна Гора.

Скопје – Европратениците Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан ќе се сретнат со потпреседателот на Собранието на Република Северна Македонија Весел Мемеди. (Собрание, сала на Влада/12:15)

Скопје – Премиерот Зоран Заев и  владина делегација на средба со претставници од Комитетот за надворешна политика при Европскиот Парламент.  (свечена сала во Влада/10:30, медиумите да пристигнат најдоцна до 10:15. Влезот за медиумите е од страна на Медија центарот) 

Скопје – Изјава за медиуми на претседавачот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент Туне Келам. (ЕУ Инфо Центар/10:30)

Скопје – Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на бизнис климата за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ ќе ја посетат  фармацевтската компанија „Алкалоид“ ад  Скопје. (13:00, медиумите да пристигнат во „Алкалоид“ АД Скопје во Автокоманда до 12:40)

– Изјави за медиуми од премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и директорот на „Алкалоид“ Живко Мукаетов пред Институтот за истражување и развој. (14:20)

Делфи – Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров ќе учествува на четвртиот „Делфи економски форум“ во Грција.

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на ЈП „Македонски шуми“ Зоран Ѓорѓиев ќе присуствуваат на редовното пролетно пошумување со садници, по што ќе дадат изјави за медиуми. (Акцијата ќе се спроведе во Оџевица, на тромеѓе меѓу Миладиновци и Бујковци/10:30)

Струмица – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Германското друштво за интернационална соработка – ГИЗ за Северна Македонија и Косово Давид Оберхубер и претседателот на Здружението „Избор“ од Струмица Сократ Манчев ќе се обратат на отворањето на првата „бејгл“ пекарница во Струмица. (ул.„Благој Јанков – Мучето“ бр. 4/12:00)

Скопје – Прес – конференција на Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). (Сојуз на стопански комори на Македонија/10:30)

Скопје – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна  Македонија (РКЕ) ќе одржи подготвителна седница. (Простории на РКЕ, ул. „Македонија“, палата „Лазар Поп Трајков“/12:00, изјава за медиумите од претседателот на РКЕ Марко Бислимовски)

Скопје – Прес – конференција на градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, претседателката и основач на здружението „Проект Среќа“ Кристина Арнаудова и актерката Благица Ристов за проектот – Детско драмско студио за деца во социјален ризик „Неверленд“. (Канцеларија за млади на Општина Центар, Градски ѕид, бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.7/1 локал 18, зад „Автомакедонија“/11:30)

Скопје – Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје Ардијан Муча ќе има средба со медиумите по повод 58 роденден на претпријатието. (ЈП „Паркови и зеленило“/13:30)

Скопје – Форум за социјално претприемништво во организација на Здружението „Конект“. (х.„Арка“/10:00, изјави за медиумите од извршната директорка на „Конект“ Никица Кусиникова во 12:15)

Штип – Универзитетот „Гоце Делчев“ овој семестар е домаќин на повеќе од 30 студенти од цела Европа преку програмата „Еразмус +“ и организира церемонија за нивно добредојде. (свечена сала на Земјоделски факултет (Кампус 2)/11:00)

Скопје – Прес-конференција на кандидатот за претседател од „Македонија – Блокира“ Филип Петровски. (хотел „Турист“/13:00)

Скопје – Дваесет и седми Армакедонски слави и промоција на книгата „Повест за една Македонка“ од Стојан Георгиев. (Спомен-куќа на Мајка Тереза/18:00)

Скопје – Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини ќе биде изведена во Македонската опера и балет. (20:00)

Скопје – Традиционална годишна изложба на членовите на макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“ и нивните колеги и макетарски натпревар – Скопје Куп 2019. (Дом на АРМ/20:00)

_______________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Back to top button
Close