Најава на настани

МИА Најави Македонија (ДПЛ)

10 февруари 2019 

10 февруари 2019 

Струга – Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се обрати на отворањето на 10. Школа за млади лидери.

Скопје – Потпишување меморандум за соработка помеѓу министерствата за информатичко општество и администрација, и за правда, и Академија на судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ по што ќе следат изјави за медиумите на министрите Дамјан Манчевски и Рената Дескоска-Треневска и проф. д-р Наташа Габер Дамјановска. (МИОА/11:00) 

 Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе прими делегација од Република Косово предводена од министерот за економски развој Валдрин Лука. (Министерство за економија, сала за состаноци, први кат, снимање инсерти во 12:20, потпишување Меморандум за разбирање и изјави во 12:30)

Скопје – Стручни комисии ќе ги разгледуваат одбиените апликации на годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година. (Министерство за култура/10:00)

Скопје – Прес-конференција на амбасадорот Ѓорѓи Филипов по повод поднесување пријава за кандидат за претседател на Република Македонија на отворениот повик за претседателските избори за 2019 година на СДСМ. (х. „Александар Палас“/12:00)

Скопје – Прес-конференција на Стопанската комора на Македонија на тема „Обука на стручен и технички кадар за инсталирање фотоволтаици и топлински колектори со цел зголемување на енергетската ефикасност на објектите“. (Стопанска комора на Македонија/11:00)

Скопје – Прес-конференција на која ќе биде објавен датумот и промоција на ексклузивниот каталог за претстојната интернационална изложба „Сто години Требениште“. (Археолошки музеј, конференциска сала/11:00)

Скопје – Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Абдусамед Шабани на средба со граѓани од населбата Топаана на која ќе бидат поделени 100 канти за собирање отпад  за индивидуални домаќинства. (градилиште на ул. Максут Садик, во продолжение на пластичарските дуќани, спроти Амбасадата на САД/10:00) 

Гостивар – „Ден без автомобили“ на иницијатива на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, Општина Гостивар, Полициската станица и невладини организации.

 

 

_______________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close