Најава на настани

МИА Најави – Македонија (ДПЛ)

20 февруари 2019 Софија - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери во работна посета на Република Бугарија:

20 февруари 2019

Софија – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери во работна посета на Република Бугарија:

– Џафери ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Народното собрание на Република Бугарија.

Скопје -Седница на собраниската Комисија за здравство. (сала 4/10:00)

Скопје – Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија ќе одржи две седници. (сала 6/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (сала 10/11:00)

Скопје – Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на завршната конференција „Без разлики“ од проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“. (х. „Холидеј ин“, сала „Милениум“/9:30)

Брисел – Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ќе оствари работни средби со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската Комисија Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Скопје –  Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска и националниот координатор за членство во НАТО Стево Пендаровски ќе ја отворат научно-стручната расправа на тема: „Перспективите од македонското членство во НАТО“. (Факултет за безбедност – Скопје/10:30)

Скопје – Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши ќе остварат средба со Групацијата на преработувачи на месо и производство на месо. (Стопанска комора на Македонија, сала 3 на трети кат,  инсерти од средбата во 11:05, изјави за медиумите во 11:10)

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе ја отвори тематската јавна расправа за предлог законот за енергетска ефикасност. (Стопанската комора на Македонија, петти кат, изјави за медиумите во 10:30)

Скопје -Министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда ќе потпишат договори за финансирање девет нови проекти поддржани од Владата на Јапонија за подобрување на јавните услуги во областа на здравството, образованието, детската заштита и комуналните дејности. (х. „Хилтон“/17:30)

Скопје – Министерот за образование и наука Арбер Адеми, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и градоначалникот на Карпош Стефан Тимоние ќе ги посетат спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ позната како „Партизан“ и ООУ „Братство“. (Пред ООУ „Братство“, изјава за медиумите во 12:00. Делегацијата потоа ќе се упати кон Меѓународното француско училиште во Карпош 4, ул. „Никола Парапунов“ бб)

Штип – Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу ќе го отвори првиот регионален форум за утврдување на развојните приоритети во Источниот плански регион. (х.„Изгрев“/11:00)

Скопје – Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа. (Медија центар на Влада/12:00)

Скопје – Седница на Државната изборна комисија (ДИК). (Седиште на ДИК/10:30)

Скопје – Прес-конференција на Државната изборна комисија (ДИК) и Здружението за инклузивно општество „Инклузива“ на тема „Мониторинг на Референдумот 2018 година од страна на лицата со попреченост“. (Седиште на ДИК/12:00)

Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници инжинери и трговци во градежништвото-НС ГРИТГ. (Спроти Парламентот, кај споменикот АСНОМ/12:00)

Скопје – Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје Абдусамед Шабани и Универзитетот на Југоисточна Европа, преку својот Институт за животна средина и здравје, ќе потпишат Меморандум за соработка. (Простории на Универзитетот на Југоисточна Европа, во Старата скопска чаршија/13:00)

Скопје – Презентација на решенијата: GenUnlimited – Младински предизвик! (СУГС Гимназија „Орце Николов“/19:00)

Охрид – Прес-конференција на која ќе биде објавен и промовиран новиот скратен број за СОС повици кон Планинската спасителна служба. (Мала сала на Општина Охрид/11:00)

Скопје – Друштвото на филмски работници на Македонија организира средба со новинари. (Кафе „Круг“/11:00)

Скопје – Промоција на првиот македонски календар со фотографии на пожарникари – спасители на Скопската противпожарна бригада. (Скопски бар – ресторан „Колектив“/20:00)

____________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close