Најава на настани

МИА Најави – Македонија

13 февруари 2019

13 февруари 2019

Скопје – Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче ќе се обратат на Националниот форум за здравство „За поздрав живот: патот до квалитетна и ефикасна примарна здравствена заштита во Република Македонија“. (х.„Александар Палас“/9:00)

Тирана – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери во работна посета на Република Албанија.

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 4/10:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје – Директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Јанез Копач ќе одржи состанок со Комисијата за економски прашања, на кој ќе биде презентиран степенот на имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Македонија. (Сала „Борис Трајковски“/9:00)

Брисел – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана.

Осло – Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми и директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, Никола Шалваринов во официјална посета на Кралството Норвешка.

Прилеп – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе одржи работен состанок со здруженијата на одгледувачи на говеда. (х.„Салида“, изјави за медиуми/13:40)

Скопје – Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа. (Медија центар на Влада на РМ/12:30) 

Скопје – Царинската управа на Република Северна Македонија на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија ќе изврши поставување на табла со новото уставно име на државата.(13:00)

Скопје – Уставниот суд ќе одржи редовна седница. (Уставен суд/9:30, брифинг/13:00)

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи седница. (ДКСК/12:00)

Скопје – Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, претставник од Делегација на ЕУ, Фрек Јанмат и претставник на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Виктор Стојкоски  ќе одржат промоција на курсеви за електронско учење (Е-учење). (Царинска управа/11:00)

Скопје – Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ ќе одржи прес-конференција на тема „Презентација на Годишен извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади“. (Прва детска амбасада „Меѓаши3/10:00)

Скопје – Конференција за македонските општествено-политички и економски перспективи #Перспективи2019. (Кино Култура/11:00)

Скопје – Свечено доделување на традиционалните награди на Друштвото на писатели на Македонија. (ДПМ/11:00)

Скопје – „Дебармаалски серенади-2019“ во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“. (18:00) 

_________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close