Најава на настани

МИА Најави – Македонија

5 февруари 2019

5 февруари 2019

Скопје – Државната министерка за европски прашања на Република Ирска, Хелен Мекенти и државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Финска, Самули Виртанен во работна посета на Македонија.

-Средба на делегациите предводени од Мекенти и Виртанен со вицепремиерот Бујар Османи ќе биде домаќин на делегациите на Република Ирска и Република Финска кои се во работна посета на земјава. (Секретаријат за европски прашања/14:00)

-Изјави за медиумите на тематска прес-конференција (14:30) 

-Можност за фото и видео сесија од состанокот (14:25)

-Пристигнување на новинарските екипи во 13:45 за фото и видео сесија од пристигнувањето, во 14:10 за фото и видео сесија од средбата и прес-конференцијата

Скопје – Хрватскиот заменик-премиер и министер за одбрана, Дамир Крстичевиќ во официјална посета на Република Македонија. 

-Пристигнување на Крстичевиќ во Министерството за одбрана (9:00)средба со заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, разговори на двете делегации и изјави за медиумите. (Пристигнување на медиумите на капијата на Министерството за одбрана најдоцна до 08:45)

-Средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. (Собрание на РМ, Сала на Влада/14:40)

Скопје – Генералниот секретар на ЦЕИ Роберто Антоњоне во посета на Македонија.

-Средба со претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери (Сала на Влада/11:00)

-Средба со шефот на ПД ЦЕИ на Собранието на РМ, Фадил Зендели (11:30)

Вашингтон – Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров,  во работна посета на Вашингтон, САД.

Скопје – Министерот за здравство, Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и австрискиот аташе за труд, социјална политика, здравство и заштита на потрошувачите во РМ, Харалд Фугер ќе го отворат настанот посветен на Европскиот центар за социјална политика и истражување кој ќе ги презентира своите тековни истражувања за да се воспостават идеи за идна соработка. (Клуб на пратеници/9:00, изјава за медиумите пред почетокот на настанот/8:50)

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски ќе ги потпишат првите договори за мерката седум од ИПАРД 2 програмата „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. (МЗШВ/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/11:00)

Куманово – Народниот правобранител Иџет Мемети и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, ќе се обратат на настанот „Народниот правобранител и локалната власт: Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“ што го организираат НВО Инфоцентарот, Народниот правобранител и Општина Куманово. (сала на Советот на Општина Куманово/12:00)

Скопје – Директорите на Бордот на ЕБОР во посета на Македонија.

Скопје – Националната конвенција за ЕУ во РМ ќе ја одржи 4. Сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Нови форми на превенција и борба против трговијата со луѓе“. (Клуб на пратеници/9:30)

Скопје – Институтот за човекови права на прес-конференција ќе го презентира вториот мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ за период од октомври 2018 до јануари 2019 година. (х. „Мериот“/12:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, директорот на ДЗС, Аднан
Џаферовски и деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, ќе
оддржат заедничка прес конференција во градинката „25 Мај” во
Ченто, спроти ООУ „Крсте Петков Мисирков” каде ќе бидат донирани
дидактички материјали за децата со посебни потреби. (12:00)

Скопје – Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира свеченост по повод одбележувањето на кинеската Нова година. (Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“/18:00)

Скопје – Промоција на списанието „Големото стакло“. (Музеј на современата уметност/20:30)

Охрид – Промоција на Монографијата „30 години Поетска Ноќ во Велестово“. (НУ Библиотека „Григор Прличев“/12:00)

Скопје Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, тренерите на националните карате селекции, Стојан Андриевски за кати, Арлинд Хусеини за помлади сениори (У21) и Александар Кузмановски за кадети и јуниори, како и дел од нашите репрезентативци-освојувачи на медали на европските и балкански првенства ќе се обратат на прес-конференција по повод настапот на македонските каратисти на 46 -то Европско карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори, кое ќе се одржи во Алборг, Данска од 8-10 февруари. (Агенција за млади и спорт/12:00) 

Скопје – Годишно редовно собрание на Пливачка федерација на Македонија. („Парк Хотел&Спа, Градски стадион/12:00)

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

Back to top button
Close