МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13:00/14 февруари 2019

13:00/14 февруари 2019

Скопје – Амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих, испрати телеграма со сочувство до премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче во која  изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје – Тетово.

Скопје – Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го поздрави стапувањето во сила на Договорот од Преспа со кој се реши долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина.

Кичево – Градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари денеска изрази соочуство до семејствата на загинатите во трагичната собраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово.

Скопје – Со изрази на сочувство за настраданите во сообраќајната несреќа во која загинаа 14 лица, рускиот амабасадор Сергеј Бездникин денеска го започна пригодното обраќање за изложбата организирана по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Северна Македонија.

Скопје – Дваесет и девет повредени во вчерашната сообраќајна несреќа кога автобус се преврте на автопатот Скопје-Тетово, се лекуваат во Градската општа болница „8 Септември“, шест повредени се во Клиничкиот центар, а двајца пациенти се во Тетовската болница. Во несреќата има 14 жртви, а седуммина од кои четворица во ГОБ „8 Септември“ и тројца во Клиничкиот центар се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

Скопје – Во Кривичниот суд не се одржа за денеска закажаното рочиште за случајот „Топлик“, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“.

Скопје – Судењето за случајот „Таректорија“ односно постапката за избор на компанија за изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, продолжува на 5 март, кога судот треба да се произнесе по барањето на одбраната, смс пораките да не бидат прифатени како докази.

Стразбур – Тања Фајон, известувач на Европскиот парламент за Косово денеска изрази надеж дека прашањето за продолжување на дијалогот Белград – Приштина и визната либерализација за Косовците ќе бидат решени за време на тековниот мандат на ЕП.

Анкара – Турските власти приведоа четири лица во врска со уривањето на станбена зграда во Истанбул, при што загинаа 21 лице.

Лондон – Повеќе од 40 поранешни британски амбасадори ја повикаа премиерката Тереза Меј да го продолжи рокот за излез на Велика Британија од Европската унија, објави весникот „Тајмс“.

Варшава – Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска на конференцијата за Блискиот Исток во Варшава, го посочи Иран како главна закана за регионот, порачувајќи дека спротивставувањето на Техеран е клуч за постигнување регионален мир.

Вашингтон – Новата фабрика на компанијата „Локид Мартин“ во Гринвил во американската сојузна држава Јужна Каролина, во која ќе се произведуваат борбени авиони од типот „Ф-16 блок 70“, е речиси завршена.

Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп се уште не решил дали ќе го потпише договорот што го постигнаа демократите и републиканците во Конгресот за изградба на ограда на дел од границата меѓу САД и Мексико, компромис чија цел е да биде избегната нова блокада на федералната администрација.

 

Back to top button
Close