0_Македонија.ПорталДописници СветПолитика

МД „Илинден“ го честита Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Македонското друштво „Илинден” со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, упатува честитка до македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци низ светот.

Дебар, 21 февруари 2019(МИА) – Македонското друштво „Илинден” со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, упатува честитка до македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци низ светот.

– Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонско потекло во Албанија значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите културни и верски традиции, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

Во честитката на која стои и македонската азбука, се потсетува дека Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува од 1999 година, со цел промовирање на јазичната култура и разновидност, како и повеќејазичноста.вт/сд/

Back to top button
Close