0_Спорт.ПорталОстанато

Леклер и Ферари најбрзи на вториот ден од тестовите во Барселона

Ландо Норис со Мекларен успеа да го подобри своето време во попладневните часови и да излезе на второто место на рангот, откако беше три десетинки зад лидерот Леклер.

Барселона, 19 февруари 2019 (МИА) – Шарл Леклер го повтори успехот на Фетел на вториот ден од тестовите, а Ферари повторно беше најбрз. Новиот пилот на „Скудерија“ го запиша најдоброто време од 1:18.247 – со десетинка заостанување, во споредба со времето на Себастијан од вчера. Шарл направи и најмногу обиколки за денот – 157.

Ландо Норис со Мекларен успеа да го подобри своето време во попладневните часови и да излезе на второто место на рангот, откако беше три десетинки зад лидерот Леклер.

Кевин Магнусен беше трет, но заврши порано поради проблем со седиштето во кокпитот. Хас му овозможи на резервниот пилот Пјетро Фатипалди да направи неколку обиколки на „Каталуња“.

Александар Албан со Торо Росо успеа да се поврати по вртење во чакал наутро и даде четврто време, но беше втор по бројот направени обиколки – 132. По него се нареди Антонио Џовинаци со Алфа Ромео.

Мерцедес повторно го поделија денот помеѓу Ботас, кој постигнаа шесто време и Хамилтон, кој беше десетти. Двајцата од нив, сепак, направија најдолга километража – вкупно 163 круга. Како и обично, тимот не користеше меки гуми и не бараше високо темпо.

Тандемот на Рено, Нико Хулкенберг и Даниел Рикардо останаа соодветно осми и деветти. Австралиецот, сепак, отпадна рано поради дефект во системот ДРС.

Вилијамс не учествуваше повторно. Според гласините во боксот, се очекува нивниот автомобил да пристигне рано наутро во среда, што значи дека има веројатност да не излезат пред раните попладневни часови.вз

Таг
Back to top button
Close