Дописници МКДОпштински вести

Кумановската болница доби донација шест прочистувачи за воздух

Кумановската болница, денеска доби шест прочистувачи за воздух што се собрани на хуманитарна акција што ја организираше „Сквер Гарден“, а на која учествуваа граѓаните на Куманово. Прочистувачите се наменети за детското одделение од болницата.

Куманово, 20 февруари 2019 (МИА) – Кумановската болница, денеска доби шест прочистувачи за воздух што се собрани на хуманитарна акција што ја организираше „Сквер Гарден“, а на која учествуваа граѓаните на Куманово. Прочистувачите се наменети за детското одделение од болницата.

– Донацијата се реализира во вистинско време, бидејќи има голем број на заболени деца од респираторни заболувања, со инфлуенца во овој период. Благодарност до „Сквер Гарден“ за донацијата од која бенефит ќе имаат нашите најмлади пациенти, изјави директорката на болницата, доктор Снежана Захариева.

Милан Петрушевски од „Скевр Гарден“, информираше дека кумановци кои учествувале на хуманитарните забави донирале за пет прочистувачи, а едниот е донација од уште една кумановска компанија. Тој ги повика кумановци да учествуваат на забавите, во саботите, а средствата што ќе се соберат ќе бидат донирани за набавка на одредени апарати за болницата.

Захариева се заблагодари  и на останатите донатори кои помагаат на кумановската болница, ЕВН и неколкуте кумановски компании што донираат за оваа здравствена установа и што на овој начин покажуваат општествена одговорност.

– Секоја помош е добредојдена, радува фактот што имаме вакви компании што помагаат на здравството, додава Захариева. ам/мс/

Back to top button
Close