0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

КСС со истите барања на нов протест в сабота во Кичево

Конфедерацијата на слободни синдикати в сабота најавува нов протест што ќе се одржи во Кичево, а на кој повторно ќе ги испорачаат истите барања за усогласување на платите со минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор и да не се прави трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор. 

Скопје, 21 февруари 2019 (МИА) – Конфедерацијата на слободни синдикати в сабота најавува нов протест што ќе се одржи во Кичево, а на кој повторно ќе ги испорачаат истите барања за усогласување на платите со минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор и да не се прави трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор.

– Владата што поскоро да ги разгледа нашите барања кои се во согласност со законите, а во спротивно, не само што ќе организираме протести туку и ќе го радикализираме своето дејствување. Притисокот од нашето членство е сè поголем и бара веднаш да се пристапи кон генерален штрајк, истакна претседателот на КСС, Благоја Ралповски, на денешната прес-конференција.

Според Ралповски, само 10 проценти од вработените во јавниот сектор се на раководни функции и тие земаат плата поголема од просечната, а останатите 90 проценти земаат плата пониска од просечната.

Во однос на вработувањата на блиски лица на функционерите во јавниот сектор, од КСС велат дека се против ваквите вработувања и предлагаат доколку има превработеност во јавната администрација, да се замрзнат вработувањата, со што за околу три години со одењето во пензија, би се намалил бројот на вработени во администрацијата за околу 20 проценти. бак/са/ 

Back to top button
Close