КошаркаРезултати

Кривопаланечките кошаркарки најуспешни на турнирот за девојки до 14 години

Кадетките од кошаркарски клуб "Крива Паланка", девојки родени 2005/06 година и помлади, беа најуспешни на третиот по ред турнир од лига-системот на Македонската кошаркарска федерација кој се одржа вчера во спортската сала „Бранители 2001".

Крива Паланка, 11 февруари 2019 (МИА) – Кадетките од кошаркарски клуб “Крива Паланка”, девојки родени 2005/06 година и помлади, беа најуспешни на третиот по ред турнир од лига-системот на Македонската кошаркарска федерација кој се одржа вчера во спортската сала „Бранители 2001″.

На турнирот од групата-исток настапија тимовите: КК ” Баскет Дино”, Кочани, КК “Баскет-кам”, Македонска Каменица, КК “Патриот”, Делчево и КК “МВП”, Струмица.

Натпреварите се одиграа во градската спортска сала “Бранители 2001”, а клубот домаќин оствари две убедливи победи на дуелите со “Баскет Дино” и ” “МВП”.

– Потенцијалот за развој на женската кошарка во Крива Паланка е повеќе од видлив,а посветеата  работа со младинските категории во изминатите години веќе доаѓа до израз со настапите на нашите кошаркарки во лига натпреварите во МКФ. Покрај оваа генерација која досега е непоразена по одиграни три турнири и реализирани шест натпревари, одлично котира и повозрасната генерација кошаркарки која се натпреварува во М-16 лигата,која е национална, а засега е второрангирана на табелата, информира тренерот и претседател на клубот Крива Паланка, Ведран Белешковски.

Екипата кадетки 2003/04 генерација викендов одигра два натпревари во рамки на МКФ лигата: првиот на домашен терен, пречекувајќи ја првопласираната Струга од која загуби со резултат 73:45, додека вчера оствари значајна победа на гостувањето кај Шкупи 61:43.

Машката младинска екипа на клубот (М-15) исто така донесе успех по натпреварот од „Вардар лигата“, каде одигра одлично против младинците на МЗТ Скопје.

Прволигашката екипа на кошаркарскиот клуб “Крива Паланка” во дебитантската сезона овој викенд претрпе два порази на исто толку одиграни натпревари на домашен терен од: Струга 2009 и од Вардар.

Од клубот посочија дека продолжуваат со темпото на работа со сите младински категории играчи во машка и женска конкуренција. ид/зс/

Таг
Back to top button
Close