0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Критична состојбата на тројца во „8 Септември“, од тројцата на КАРИЛ – двајца се стабилни

Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 18 пациенти, а тројца од нив се во критична состојба. Останатите 15 пациенти се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат од повредите во тешката сообраќајна несреќа  што се случи во средата на автопатот Скопје - Тетово кај Ласкарци. Еден пациент вчера е пуштен на домашно лекување, соопшти Министерството за здавство.

Скопје, 17 февруари 2019 (МИА) – Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 18 пациенти, а тројца од нив се во критична состојба. Останатите 15 пациенти се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат од повредите во тешката сообраќајна несреќа  што се случи во средата на автопатот Скопје – Тетово кај Ласкарци. Еден пациент вчера е пуштен на домашно лекување, соопшти Министерството за здавство.

Во Клиничкиот центар во Скопје хоспитализирани се шест пациенти, од кои тројца на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца од нив се во стабилна состојба.

-Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија и пациентката (трудница), која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство, се исто така во стабилна здравствена состојба. Во моментов се изведува операција на пациентка од Неврохирургија, соопшти Министерството за здравство.

Пациентката која се наоѓа во болницата во Тетово е во стабилна и добра здравствена состојба. хс/

Back to top button
Close