0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Костов: Не се констатирани повреди кај Јанакиески

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов вечерва потврди дека по сите медицински иследувања што биле направени било констатирано дека поранешниот министер Миле Јанакиески не е повреден во инцидентот во затворот „Скопје“ во Шутка, каде е во притвор.

Скопје, 21 февруари 2019 (МИА) – Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов вечерва потврди дека по сите медицински иследувања што биле направени било констатирано дека поранешниот министер Миле Јанакиески не е повреден во инцидентот во затворот „Скопје“ во Шутка, каде е во притвор.

-Денеска во попладневните часови после 16 часот е донесено лице од затворот „Скопје“ за медицински преглед. После приемот во Ургентниот центар дежурна екипа од специјалисти изврши преглед при што се направени најразновидни инстигации, од крвна слика, лабораторија, ехо на стомачна шуплина, компјутерска томографија на глава… Откако беа завршени сите прегледи беше донесен заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди. Значи не е индицирана потреба за хоспитализација на лицето, рече Костов.

Тој додаде дека заради анамнестичкиот податок дека лицето била удирано по телото препорачан бил 24-часовен надзор од медицинско лице кое што ќе се спроведува во установата од каде што е донесен.

Во врска со обидот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го посети Јанакиески во болницата, директорот Костов истакна дека во оваа болница и претходно имале контакт со затворите и од Идризово и од Шутка и во такви случаеви сите донесени пациенти биле во придружба на полиција или на затворска полиција.

-Значи, тоа се органзирани посети на болницат на затвореникот и во тој случај до затвореникот нема пристап. Од правна страна забранета е било каква посета или контакт со лицето кое што е со полициско обезбедување, рече тој.

Лицето, додаде, е донесено од затвор и тоа е обезбедувано со полиција. За секој друг контакт со лицето, рече Костов,  одговорна е самата полиција, и таа одлучува дали ќе дозволи да дојде некој да го контактира пациентот.

Повеќе медиуми денеска објавија дека Јанакиески и Ристовски, биле повредени во физичка пресметка во затворот. Оттаму го потврдија инцидентот, но посочија оти предизвикувачи биле Ристовски и Јанакиески. сст/дма/

Back to top button
Close