0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Конференција на министерствата за внатрешни работи од „Брдо процесот“

Дводневна министерска конференција од „Брдо процесот“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во тек на која третпат ќе заседава Управниот одбор на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ).

Скопје, 26 февруари 2019 (МИА) – Дводневна министерска конференција од „Брдо процесот“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во тек на која третпат ќе заседава Управниот одбор на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ).

Домаќин на конференцијата е Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Главна тема на конференцијата ќе биде евалуацијата на досегашното спроведување на Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ).

Ќе се расправа и за новите проектни задачи на ИИСГ, особено во делот на функционирањето на Групата за поддршка на ИИСГ, односно вклучувањето на претсавници од Западен Балкан во работата на оваа група. ац/лв/

Таг
Back to top button
Close