0_Магазин.ПорталСцена

Клуни се враќа на ТВ со „Финта 22″

Америкканскиот глумец и режисер Џорџ Клуни се враќа на телевизиските екрани со адаптација на романот „Финта 22“, па по тој повод изјави дека целта на новата серија снимена по делото на Џозеф Хелер од 1961 година, е да го покаже лудилото на војната, што и денес е актуелно.

Лос Анџелес, 12 февруари 2019 (МИА) – Америкканскиот глумец и режисер Џорџ Клуни се враќа на телевизиските екрани со адаптација на романот „Финта 22“, па по тој повод изјави дека целта на новата серија снимена по делото на Џозеф Хелер од 1961 година, е да го покаже лудилото на војната, што и денес е актуелно.

На претставувањето на ТВ серијата на собир на Здружението на телевизиски критичари во Пасадена, Клуни рече дека првично одбил да се вклучи во новото филмување на приказната за војник од Втората светска војна кој се бори со воената бирократија, но потоа го прифатил предизвикот затоа што „согледал какво прекрасно дело сработиле сценаристите“.

Клуни е извршен продуцент и режисер на две од шесте епизоди од мини-серијата. Премиерата ќе се случи на 17 мај на стриминг-сервисот Хулу.

„Финта 22″ е приказна за американскиот војник Јосаријан. кој за да го избегне служењето во воени мисии, решил да направи сѐ за да го прогласат за луд, но за да го докаже тоа мора да прифати учество во опасна мисија. си/сп/

Таг
Back to top button
Close