0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Интерпелацијата на министерот Спасовски на дневен ред на собраниска седница

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 86. седница, на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од опозицијата.

Скопје, 21 февруари 2019 (МИА) – Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 86. седница, на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од опозицијата.

Покрај интерпелацијата на министерот Спасовски, пратениците ќе расправаат и за неколку законски предлог-решенија, од кои дел се во прво читање, а дел треба да се донесат по скратена постапка.

Седницата почна во понеделникот, кога беше усвоена одлуката за испраќање припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Потоа седницата беше прекината со образложение дека неколку законски предлог-решенија што се на дневен ред треба да бидат разгледани на матичните комисии. бак/са/

Back to top button
Close