Харадинај: Нема санкција која ќе ме натера да ја укинам таксата на српскиот увоз
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача дека нема таква санкција кон Косово која може да го натера да ја укине таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.