0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Грчкото МНР ја испрати вербалната нота (ДПЛ)

Министерството за надворешни работи на Грција попладнево ја испрати вербалната нота до македонското МНР, потврдуваат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 12 февруари 2019 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Грција попладнево ја испрати вербалната нота до македонското МНР, потврдуваат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во неделата, во интервјуто за АНА-МПА најави дека нотата ќе биде испратена в понеделник, но откако тоа не се случи вчера, како што претходно објави МИА, грчки извори претпладнево брифираа дека Атина во текот на денешниот ден, до вечер, ќе го извести Скопје дека ги заврши обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа, односно дека ги ратификува и Договорот и Протоколот за членство во НАТО. ср/дма/

Back to top button
Close