0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Филипче: Со реновирањето на Здравствениот дом во Велес на пациентите ќе им се пружат поквалитетни здравствени услуги

ЈЗУ Здравствен дом во Велес со сопствени средства во висина од седум милиони денари е целосно реновиран со посебен акцент на службата на Итна медицинска помош, а поставен е и лифт во објектот. Со помош на донација од Ротари-клубот во службата на Итна медицинска помош (ИМП) е набавен медицински мебел, а вчера во Скопје беше потпишан договор со Јапонската амбасада за добивање грант од 37 илјади евра за набавка на две теренски возила за ИМП во Велес.

Велес, 21 февруари 2019 (МИА) – ЈЗУ Здравствен дом во Велес со сопствени средства во висина од седум милиони денари е целосно реновиран со посебен акцент на службата на Итна медицинска помош, а поставен е и лифт во објектот. Со помош на донација од Ротари-клубот во службата на Итна медицинска помош (ИМП) е набавен медицински мебел, а вчера во Скопје беше потпишан договор со Јапонската амбасада за добивање грант од 37 илјади евра за набавка на две теренски возила за ИМП во Велес.

Министерот за здраство Венко Филипче заедно со својот домаќин, директорот на ЈЗУ Здравствен дом – Велес, Никола Димовски, денеска направи увид во службата за Итна медицинска помош и останатите служби на оваа јавна здраствена установа.

Филипче изјави дека со целосното реновирање на Здравствениот дом во Велес на пациентите ќе им се пружат поквалитетни здравствени услуги.

Во рамки на посетата, освен со Димовски, тој се сретна и со директорите на ЈЗУ Општа болница во Велес и на Специјалната болница за белодробни заболувања во Јасеново.

– Со директорот на ЈЗУ Здравствен дом – Велес разговаравме за натамошни унапредувања на дејноста што ја дава оваа здраствена установа. Во текот на вчерашниот ден се потпишаа договори со Јапонската амбасада со чиј грант Здравствениот дом ќе добие нови две возила за транспорт на болни и повредени. Со директорот на Општата болница разговаравме за подобрување на условите за работа и за реновирање на Одделението за инфективни болести и за набавка на уште едно возило за транспорт на повредени до други здраствени установи. Во Специјалната болница за белодробни заболувања најголем проблем е кадарот, а веднаш по изборите ќе распишеме конкурс за вработување млад стручен кадар за потребите на оваа здравствена установа, рече Филипче.

Тој се осврна и за имплементирањето мобилни сервиси, што ќе значат здравствена услуга многу поблиску до жителите во селата во Велешко, каде што нема концесионери – лекари во амбулантите кои се затворени, а жителите се принудени за здравствени услуги и лекови да патуваат до Велес.

– Со новиот мобилен сервис сакаме да ги приближиме услугите до мајките и малите деца, постарите пациенти со хронични болести, потешко подвижните и да го надополниме и сервисот за мобилна аптека. На тој начин жителите на овие оддалечени рурални средини да ги добијат комплет здравствените услуги во своето место на живеење, додаде министерот Филипче. ад/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close