0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Филипче ги посети повредените, седуммина во критична состојба

Министерот за здравство Венко Филипче изутринава ги посети повредените пациенти во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на автопатот Скопје - Тетово и во која загинаа 14 лица.

Скопје, 14 февруари 2019 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче изутринава ги посети повредените пациенти во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на автопатот Скопје – Тетово и во која загинаа 14 лица.

Од Министерството за здравство соопштија дека четворица од повредените пациенти во Градската општа болница „8 Септември“ и тројца повредени пациенти во Ургентниот центар сè уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

Ангажирани се сите ресурси и правиме сè за да ги спасиме животите на тешко повредените. Со повеќе информации ќе излеземе во текот на денешниот ден, информираат од Министерството. рп/сд/

Back to top button
Close