0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ерменецот Манојан го засили Работнички

Манојан (28), кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска, е десеттото засилување на Работнички во овој зимски преоден рок.

Скопје, 11 февруари 2019 (МИА) – Ерменецот Давид Манојан вечерва се договори со Работнички откако потпиша договор на една година.

Манојан (28), кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска, е десеттото засилување на Работнички во овој зимски преоден рок.

Само неколку часа по комплетирањето на трансферот на Бојан Ѓоргиевски, управата експресно го договори и трансферот на Ерменецот, непосредно пред завршувањето на преодниот рок.

Тој доаѓа од полскиот второлигаш Сандецја, а претходно има настапувано за Алашкерт и за кипарскиот прволигаш Неа Саламис.вз

Таг
Back to top button
Close