СветСвет.Портал

Ел Чапо ќе се жали на пресудата

Адвокатот на Хоакин Гусман, познат како „Ел Чапо“ изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата за неговиот клиент.

Бруклин, 13 февруари 2019 (МИА) – Адвокатот на Хоакин Гусман, познат како „Ел Чапо“ изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата за неговиот клиент.

Џефри Личман пред зградата на судот во Бруклин изјави дека одбраната „диво се борела“ на судењето и оти ќе „продолжи да се бори“ за Гусман.

Американскиот државен обвинител Ричард Доногју изјави дека очекува Гусман да добие доживотна казна затвор без можност за помилување.

Озлогласениот мексикански нарко-бос Хоакин Гусман (61), познат како Ел Чапо, вчера во американски суд е прогласен за виновен поради организирање шверц на огромни количини рога.

Гусман, чиј прекар на шпански значи „Кусиот“, е прогласен за виновен по сите 10 точки од обвинението, поради што би можел остатокот од животот да го помине во затвор. Негово судење почна во ноември минатата година и на процесот се појавија повеќе од 50 сведоци.

Мексико во 2017 година го екстрадира во САД каде се терети дека како лидер на картелот Синалоа, шверцувал кокаин, хероин и други дроги.

Но и покрај апсењето, екстрадицијата и пресудата за Ел Чапо, неговиот картел Синалоа продолжува да дејствува, а доказ за тоа се огромните пратки дрога откриени на границата во изминатите недели.

Вреќите со фентанил и пластични кеси со мет, хероин и кокаин покажуваат дека картелот не ослабел, ниту изгубил на својата традиционална територија во северозападно Мексико, ниту има ограничен меѓународен опсег со загубата на озлогласениот лидер.

– Тој се уште е главна сила на мексиканското криминално подземје, изјави мексиканскиот безбедносен аналитичар Алехандро Хопе. јт/

Таг
Back to top button
Close