Sport.SlajderФудбал

Дракслер: Ни претстои тактичка борба со Манчестер

Во пресрет на првиот дуел од осминафиналната пресметка со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, играчот од средниот ред на Пар Сен-Жермен изјави дека очекува тежок натпревар со многу тактичко надмудрување.

Манчестер, 12 февруари 2019 (МИА) – Во пресрет на првиот дуел од осминафиналната пресметка со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, играчот од средниот ред на Пар Сен-Жермен изјави дека очекува тежок натпревар со многу тактичко надмудрување.

– Треба да докажеме дека можеме да победиме. Овој натпревар ќе го следат голем број луѓа од целиот свет. Ние мора да одговориме со нашата игра. Мислам дека Манчестер јунајтед ќе игра на ист начин како и на последните натпревари. Тие ќе нападнат, тоа е сосема е очигледно, но не заборавајте дека во Париз има возвратен меч. Ќе има многу тактичка борба, изјави Дракслер.

Натпреварот Манчестер јунајтед – ПСЖ се игра вечер со почеток во 21 часот, реваншот во Париз е на 6 март. зс/

Таг
Back to top button
Close