0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитикаПретседателски избори 2019

ДПА би прифатила кандидат за претседател од власта

Владата треба да продолжи со нормализација на ситуацијата и внатре во државата и надвор. Со нормализација на функционирање на институциите на системот затоа што пред нас имаме многу важни задачи, како што се отворање преговори за интеграција во ЕУ и ратификација на нашето членство во НАТО од страна на парламентите на државите што се членка на НАТО.

Скопје, 19 февруари 2019 (МИА) – Владата треба да продолжи со нормализација на ситуацијата и внатре во државата и надвор. Со нормализација на функционирање на институциите на системот затоа што пред нас имаме многу важни задачи, како што се отворање преговори за интеграција во ЕУ и ратификација на нашето членство во НАТО од страна на парламентите на државите што се членка на НАТО.

Ова вечерва го изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи по средбата со премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев во Клубот на пратениците.

– Разговаравме за неколку имиња, но оставивме да се вратиме во нашите партии, да разговараме со нашите структури и потоа заедно да одлучиме кое е името што котира највисоко, изјави Тачи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Тачи рече дека би било добро да се номинира кандидат на Владата што значи, како што рече, продолжување на нормализација на оваа политика.

– Не би било коректно да истакнеме некој кандидат денеска. Се договоривме да се вратиме во партиите и потоа да имаме уште една средба, а истакнувањето да биде во симболика на заеднички кандидат, а не на кандидат на оваа партија или онаа, изјави Тачи.мс/мд/

Back to top button
Close