0_Web_АктуелноMakedonija.SlajderОпштински вестиПолитика

Димитров на Твитер: Денешниот ден нека биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Северна Македонија и Грција

Пред малку ги разменивме конечните вербални ноти: Преспанскиот договор влегува во сила, напиша на Твитер министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Скопје, 12 февруари 2019 (МИА) – Пред малку ги разменивме конечните вербални ноти: Преспанскиот договор влегува во сила, напиша на Твитер министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Нека денешниот ден биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Грција и Северна Македонија. Не можеме да го смениме нашето минато, но можеме и ќе ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка, напиша Димитров на Твитер, откако Владата соопшти дека Преспанскиот договор стапи на сила. сст/дма/

Back to top button
Close