0_Македонија.ПорталСкопје

Делови од Кисела Вода, Бутел, Центар и неколку скопски села утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Жил Верн“ и „Балканска“ во Општина Кисела Вода утре од 9:00 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Скопје, 12 февруари 2019 (МИА) – Дел од корисниците од улиците „Жил Верн“ и „Балканска“ во Општина Кисела Вода утре од 9:00 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Горно Количани и делот од село Батинци кај улицата „1“ и местото Ќупријан, од 8:30 до 9:30 часот дел од корисниците од улицата „Радишанска“, Рептил Маркет бр.8 Радишани, Кам Маркет, Ресторан Александра и Окта во Општина Бутел.

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците улицата „8-ма Ударна бригада“ и објектите со број 23 и 25 на улицата „Димитрие Чуповски“ во Општина Центар, а од 9:00 до 14:00 часот корисниците на дел од улицата „33“ во село Волково.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД. вј/сд/

Back to top button
Close