Дописници МКДОпштински вести

Делегација од Пијанечко-малешевскиот регион дел од средбата на комуналните претпријатија од Западен Балкан

Делегација составена од директорите на комуналните претпријатија и градоначалниците на општините од Пијанечко-малешевскиот регион учествуваше на првата работилница на комуналните претпријатија од Западен Балкан кои во Белград дебатираа на теми во рамки на проектот за ,,Управување со инфраструктурните средства и советодавни услуги за комуналните претпријатија во југоисточна Европа".

Берово, 21 февруари 2019 (МИА) – Делегација составена од директорите на комуналните претпријатија и градоначалниците на општините од Пијанечко-малешевскиот регион учествуваше на првата работилница на комуналните претпријатија од Западен Балкан кои во Белград дебатираа на теми во рамки на проектот за ,,Управување со инфраструктурните средства и советодавни услуги за комуналните претпријатија во југоисточна Европа”.
Како што информираше беровскиот градоначалник Звонко Пекевски на средбата се дискутирало за подобрувањето на квалитетот на услугите во комуналните претпријатија од Западен Балкан.
-Целта на активностите во рамки на проектот е формирање на проверен регистер на инфраструктурни средства со географска референца, сместени во комплексна географска база на податоци. Оваа база ќе може да се користи за понатамошни анализи за управување со одржувањето, управувањето со инфраструктурните средства и управувањето со дистрибуцијата, т.е намалувањето на неприходуваната вода, информира Пекевски.
Според планираното, комуналните претпријатија од трите општини годинава веќе работат на проект за инситуционалното зајакнување на своите капацитети што ќе значи нивно преструктурирање во современи претпријатија во насока на подобрување на квалитетот на услугите од кој најголем бенефит ќе имаат граѓаните.
Проектот „Управување со инфраструктурните средства и советодавни услуги за комуналните претпријатија во југоисточна Европа“ е финансиран од страна на Германската влада преку ГИЗ и се спроведува во сите шест земји на Западен Балкан вклучувајќи ја и нашата држава. Проектот започна во мај 2017 година и ќе трае до ноември 2021 година. вс/сст/

Back to top button
Close