Тенис

Дел Потро: Ѓоковиќ и Надал и понатаму ќе одлучуваат за трофеите

Популарниот „Делпо“ го пропушти почетокот на сезоната и првиот Гренд-слем турнир, Австралија опен, но пријавен е за игра на турнирот во Делреј Бич.

Буенос Аирес, 6 февруари 2019 (МИА) – Финалистот од Ју Ес Опен за 2018-та, Хуан Мартин дел Потро, смета дека Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе продолжат да гоимаат главниот збор кога се работи за освојување на трофеите.

Аргентинецот, за кого најдобра позиција е третото место на АТП листата, бргу ќе се врати на теренот по неколку месеци пауза поради повредата на коленото.

Популарниот „Делпо“ го пропушти почетокот на сезоната и првиот Гренд-слем турнир, Австралија опен, но пријавен е за игра на турнирот во Делреј Бич.

– Многу сум возбуден што ќе се вратам наскоро на теренот, веќе пропуштив еден голем турнир, оној во Мелбурн, изјави Дел Потро.

Тој вели дека следел што се случувало на турнирите во јануари и е убеден дека се ќе продолжи да се врти околу водечкото дуо – Ѓоковиќ – Надал.

– Мислам дека ќе продолжи приказната во која Ѓоковиќ и Надал се борат за челната позиција и трофеите. Се разбира, постојат многу добри играчи, прашањето е само колку брзо ќе напредуваат, но и понатаму Рафа и Новак, па дури и Роџер Федерер, ќе бидат главни кога станува збор за најголемите турнири. Тие се на ниво погоре. Младите сигурно ќе продолжат да врши притисок врз нас, но ќе мора да бидат постојано добри на големите натпреварувања, заклучи Дел Потро.вз

Таг
Back to top button
Close