0_Спорт.ПорталРакомет

Чориќ потпиша со Металург

Чориќ (197 см., 120 кг) во својата кариера настапувал за Замет, Пореч, Загреб и Штутгарт, апоследните две сезони ги мина во екипата на Рајн Викинг, член на втората Бундес лига.

Скопје, 8 февруари 2019 (МИА) – Хрватскиот пикер Тео Чориќ (27) е нов ракометар на скопски Металург. Договорот со Чориќ е потпишан со важност од 1,5 година, а на тимот од Автокоманда ќе му се приклучи на 15 февруари.

Чориќ (197 см., 120 кг) во својата кариера настапувал за Замет, Пореч, Загреб и Штутгарт, апоследните две сезони ги мина во екипата на Рајн Викинг, член на втората Бундес лига.

Чориќ важи за одличен дефанзивен играч и ќе има голема улога во дефанзивната формација на Металург, соопштија од клубот.вз

Таг
Back to top button
Close