Дописници МКДОпштински вести

Битолчани со три проекти во „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

евладини организации и институции од Битола, организирани од Центар за развој на пелагонискиот плански регион-ЦРППР, го завршија јавното произнесување и дебата за предлагање и избор на проекти за кои се очекува финансиска поддршка од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Битола, 22 февруари 2019 (МИА) – Невладини организации и институции од Битола, организирани од Центар за развој на пелагонискиот плански регион-ЦРППР, го завршија јавното произнесување и дебата за предлагање и избор на проекти за кои се очекува финансиска поддршка од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Според концептот на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, учесниците одржаа три форуми на кои беа посочени анализи за утврдување на приоритет, а потоа и избрани три идеи за регионални проекти, односно проект „Парк за социјална инклузија“, „Регионално осветлување“ и „Реконструкција и модернизација“ на НУ Завод и музеј Битола.

Според предложената идеја за „Парк на социјална инклузија“ ќе се овозможи Градскиот парк во Битола да биде достапен за лица со попреченост, во проектот „Регионално осветлување“ доколку биде поддржан од донаторот, ќе се изврши замена на обичните со штедливи сијалици во општините од Пелагонискиот регион, додека пак ако биде поддржан проектот „Реконструкција и модернизација“ на НУ Завод и музеј-Битола, тогаш според идејата на битолчани ќе се обнови се Пациото во таа национална установа.

За реализација на еден проект се очекува донаторот да додели грант во висина од околу 80 илјади евра, информираат од Центар за развој на пелагонискиот плански регион со седиште во Битола. мт/сд/

Back to top button
Close