0_Спорт.ПорталФудбал

Бејл отфрлил две понуди од Островот поради Реал

Според информациите, Велшанецот не ги прифатил предлозите на Манчестер Јунајтед и Челзи, за да продолжи на „Сантијаго Бернабеу“.

Мадрид, 17 февруари 2019 (МИА) – Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл отфрлил две понуди од Премиер лигата за да остане во „кралскиот клуб“, објави „Тајмс“.

Според информациите, Велшанецот не ги прифатил предлозите на Манчестер Јунајтед и Челзи, за да продолжи на „Сантијаго Бернабеу“.

Бејл има договор до 2022 година со „белиот балет“. Во тековната сезона напаѓачот учествувал на 18 натпревари во Ла Лига, во кои постигнал 6 погодоци.

За последен пат, Бејл реализираше во победата од 3:1 над Атлетико Мадрид.вз

Таг
Back to top button
Close